02.05.2014

Алергија на полен: Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја, но на околу третина од Македонците почетокот на пролетта им создава нервоза бидејќи пристигнуваат и сезонските алергии, најчесто предизвикани од поленовиот прав.

Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции кај 20-30% од македонското население, а со секоја измината година, бројот на засегнатите се зголемува. Иритирачките симптоми како кивање, растечен нос и насолзени очи кај некои лица се лесни и подносливи. Сепак, во ретки случаи може да доведат до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија.

Не е тешко малите честички на поленот да завршат во вашето живеалиште кога се невидливи за голото човечко око. Секогаш кога проветрувате, кога влегувате дома со истите обувки со кои пешачевте надвор или кога ја сушите облеката на отворено, вие го каните поленот на гости. Еве како да ја намалите неговата присутност во домот:

Чувајте ги прозорците и вратите затворени, особено во утринските часови. Иако проветрувањето ви изгледа како добра опција, во сезоната на поленот тоа може да значи влошување на симптомите на алергија. Користете клима уред и редовно менувајте ги филтрите за прочистување на воздухот. Најдобро време за проветрување се врнежливите денови и деновите со висока влажност во воздухот. Избегнувајте го проветрувањето во ветровити денови.

Чистете со правосмукалка и бришете прашина најмалку двапати неделно. Можеби не сте знаеле, но прашината во вашиот дом содржи и полен. За да го намалите интензитетот на симптомите, потребно е да ја минимизирате прашината во домот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Најактуелна новост

02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе