ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАНЦЕР

И покрај земањето анамнези на пациентите, физикален преглед и останати дијагностички методи како: биохемиски анализи, хистопатолошки, микробиолошки, рентгенски дијагностики, ЕХО, нуклеарно-магнетни резонанси, ЕКГ, ЕЕГ итн., наведените дијагностички методи во одредени болести и патолошки состојби не можат да помогнат во одредување на прецизна дијагноза.

Во последно време поголемо значење добива еден посебен дијагностички метод кој се нарекува Информодијагностика или Електро Пунктурна Дијагностика (ЕПД). Се работи за неинванзивен дијагностички метод, кој современата медицина може да го смета за квалитативно дополнување на сите постоечки методи. Некој може да го нарече “алтернативен метод”. Тоа е така за сега иако холандскиот лекар др.Willem Einthoven го има пронајдено ЕКГ уредот, за дури во 1924 година, методот да биде званично признаен и да добие Нобелаова награда за својот допринос во развојот на медицината. Тоа значи дека преку 20 години значајниот пронајдок бил “алтернативен метод”.

Во денешно време, ЕКГ-то претставува “Златен стандард” во дијагностицирање на срцето. ЕПД претставува сличен метод каде што се добиваат параметри за мембранскиот потенцијал на клетките (изразено во микро Ампери), не само на срцето туку и на сите останати органи и системи. Самото мерење нема негативни ефекти и нема штетни влијаниа на системот на пациентот.

ЕПД методот преку прецизно мерење овозможува да се утврдат предусловите за пато-физиолошки промени на одредени органи, со што доста прецизно се одредува местото на примарниот карцином и на секундарното метастазирање. Со ЕПД мерењето се добива моментален увид на состојбата на организмот и клетките кои не се или се зафатени од карцином. Податоците кои се добиваат при ваквиот начин на мерење ја искажуваат сосотјбата и потенцијалот на клетночната мембрана на оболениот орган и сте останати кои не трпат метастатски промени.

Добиените резултати од мерењата се важни показатели на лекарот – онколог, при одредување на времетраењето на хемотерапијата. Тоа може да направи квалитативна разлика помеѓу онколошките пациенти на кои онкологот им одредува хемотерапија само и ислкучиво врз основа на тумор маркери. Значи, разлика помеѓу живот и смрт.

Новости

02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе