АЛЕРГИИ - ПОВЕЌЕ БОЛЕСТИ , ЕДЕН ПРИЧИНИТЕЛ И ЕДНО РЕШЕНИЕ – ИНФОРМОТЕРАПИЈА.

Дали страдате од проблеми со дишењето и солзење на очите во сезона на цутење, се задушувате ли од астма во текот на годината или на кожата ви се појавува црвенило кога ќе јадете “погрешна” храна?

Причината за сите алергиски заболувања е иста – алергиската реакција е резултат на прекумерно или несоодветно реагирање на нашиот имунолошки систем при изложување на некои супстанци од животната средина (алергени).

Се смета дека од најчестиот облик на респираторни алергии – алергиски ринитис, патат помеѓу 20% - 40% Европјани од кои 15% - 20% имаат многу сериозни симптоми. Алергискиот ринитис е потикнат од реакција на алерген што го вдишуваме преку воздухот (како поленот, куќната прашина или животински влакна), кој не можеме да го избегнеме. Лековите ги одстрануваат или ублажуваат симптомите на алергија, а многу ретко придонесуваат за решавање на нејзините причини. Постојаното шмркање, кивање, чешање, насолзени очи значително го намалуваат квалитетот на животот, а проблемите со дишењето го оневозможуваат нормалниот сон што доведува до хроничен умор – затоа многу луге се присилени подолго време да користат лекарства. Со тоа додатно го ослабуваат својот имунолошки систем и уште повеќе ја влошуваат својата здравствена состојба.

За среќа постои многу ефикасно решение без несакани ефекти, кое симптомите на сите видови на алергија ги решава делувајќи на нивниот причинител – “грешка” во имунолошкиот состав. Информотерапијата за алергиски заболувања се темели на метод кој при делување на клеточно ниво го враќа целиот наш организам, а и нашиот имунолошки систем во нормална физиолошка состојба.

ИНФОРМОТЕРАПИЈА ЗА АЛЕРГИСКИ ЗАБОЛУВАЊА

Информотерапијата за алергиски заболувања е составена од двочасовно испитување и минимално 3 циклуси на 21 дневна информотерапија – индивидуално определена гранула која спрема одреден протокол потребно е да се прима до домашни услови. Испитувањето се состои од: земање анамнеза, мерење на енергетската и функционалната состојба на на организмот на клеточно ниво, по што се поставува дијагноза на состојбата на организмот и се “програмира” индивидуална информотерапија. При секој следен циклус, мерењата се повторуваат како би се утврдило подобрувањето и да се програмира следната информотерапија. Бидејќи нашиот имунолошки систем дополнително го ослабуваат висруси, бактерии, токсини кои се наоѓаат во организмот, пред вториот циклс на информотерапија се спроведува тестирање на паразитите, бактериите, вирусите, габите, истовремено со информотерапијата се спроведува 7 дневна нозодотерапија. Доколку личноста е алергична на некоја храна, на ист начин се спроведува алергиско тестирање и 7 дневна терапија за некој од алергените, но не истовремено со спроведување на нозодотерапија.

АЛЕРГИИ И ИНФОРМОТЕРАПИЈА КАЈ ДЕЦАТА.

Промените во имунолошкиот систем, кои предизвикуваат алергија настануваат или поради генетски предиспозиции или од штетни влијанија од околината, во најраната возраст, често и пред раѓање. “Дефектот” може да биде предизвикан од недостаток на изложеност на имунолошкиот систем на патогени работи што може да биде последица на прекумерна хигиена, во раното детство или прекумерна употреба на антибиотици. Вообичаено е кај малите деца најпрво да се јават алергиски реакции на храна. Тие брзо се смалуваат или потполно исчезнуваат, но ги заменуваат чувствителноста на алергени од воздухот кои предизвикуваат респираторни проблеми. 10%-20% на адолесценти во Европа боледуваат од сериозен алергиски ринитис што за 3.5 пати го зголемува ризикот на развој на астма.

Информотерапијата е применлива кај децата поради својата безбедност и ефикасност. Постои ограничување во возраста само во смисла на способноста на детето да биде мирно за време на дијагностичкиот преглед.За време на информотерапијата не е дозволено да се консумира алкохол, кафе и останати напитоци кои содржат кофеин (на пример: црн чај и Coca-Cole), бидејќи делуваат негативно, а добро е да се избегнува и силно зачинте храна. Потребно е да се придржувате на правилна исхрана и здрав начин на живот.Бројот на потребните циклуси на информотерапија е индивидуален за секој клиент. Потполно закрепнување настапува по 3-4 циклуси на информотерапија, зависно од тоа колкав е степенот на хроничното заболување. Но подобрувањата се приметуваат по 14 дена. Кога имунолошкиот систем еднаш ке се врати во рамнотежа, закрепнувањето е трајно, па за одржување на здравјето доволен е само еден циклус на информотерапија годишно.

Новости

02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе