ЖИВОТОТ НА СПЕРМАТОЗОИДОТ

Должината на животот на сперматозоидот зависи од условите на околината. На отворен воздух сперматозоидот во просек живее 10 минути, додека во специјални контејнери, повеќе од неколку саати.

Колку долго, може да живее спермата, зависи од условите на околината. Сперматозоидите на отворен воздух не можат да живеат долго (животот може да се мери во минути), затоа што за тоа не постојат адекватни услови, но кога ќе влезат во телото на жената, таму можат да преживеат и до 7 дена, затоа што се работи за природни поволни услови за нивниот живот.

Спермата може да биде уништена од чиста вода поради процесот на деградација по термички или осмотски шок, а особено сперматозоидите страдаат од употреба на средства за лична хигиена.

Сперматогенеза

Сперматогенезата се одвива во семените канали на машките полови жлезди (тестиси).Сперматогенезата започнува од степен на ембрион, продолжува непосредно пред пубертетот и трае во текот на целиот живот на мажот. Наспроти оогенезата, која кај жените трае од 10-50 години, спрематогенезата е релативно брз процес кој трае од 60 -65 дена.

Спермиогенеза

За спермата да созрее и е потребно од два до три месеци. По ејакулацијата сперматозоидот во просек живее околу 72 часа, а некои дури и до 7 дена. Сперматидата, иако хаплоидна, сеуште не е сперматозоид, а за да се трансформира мора да помине низ процесот на спермиогенеза. Во таа фаза сперматидата се трансформира во сперматозоид претрпувајќи повеќекратни промени као што се: создавање на суштество (опашка), формирање на акрозоми кои при оплодувањето ја разложуваат обвивката на јајце клетката, отфрлување на најголемиот дел на цитоплазмата за да се намали клеточната маса на сперматозоидот и со тоа да се овозможи неговата добра подвижност и кондензација на хроматин со што максимално би се намалило и јадрото. Вака диференцираните сперматозоиди се чуваат во епидидимисот каде што се одвива крајното зреење на сперматозоидите при што тие стануваат подвижни и добиваат заштитна обвивка. Заштитната обвивка се отстранува во репродуктивните канали при женскиот процес кој се нарекува капацитација (созревање) по што сперматозоидот е способен и подготвен да ја оплоди јајце клетката.

Ејакулација

Спермата или семето се состои од машки гамети (сперматозоиди) и секрет од разни жлезди (семени меурчиња простата и булбоуретрални жлезди). Целта на тој секрет е исхрана и заштита на спермата од киселата средина која се наоѓа во вагината како пречка за забременување.

Волумен

Волуменот и содржината на спермата зависи од должината на периодот помеѓу ејакулациите. Просечниот волумен на спермата се движи од 2.75мл или до 2-6мл. Поголемиот обем е поврзан со долгиот период на апстиненција. Ејакулатот во просек содржи околу 180 милиони сперматозоиди но, може да содржи и преку 400 милиони. Квалитетот и квантитетот на спермата се важни за плодноста. Мажот се смета за помалку плоден доколку количината на сперматозоидите падне под 20 милиони/мл.

За да се оплоди јајце клетката потребен е само еден сперматозоид. Зошто тогаш мал број на сперматозоиди го прават мажот неплоден?

Плодните мажи исфрлаат од 2-5мл. ејакулат. Во секој милилитар се наоѓаат околу 100 милиони сперматозоиди. Доколку концентрацијата падне под 20 милиони сперматозоиди на милилитар се појавува сомнеж за проблем со плодноста. 20 милиони и понатаму претставува голем број па тогаш во што е проблемот?

Дел од проблемите лежат во тоа дека само мал дел од спермата која влегува во вагината успева да заврши во матката. Од оние сперматозоиди кои успеваат да стигнат до матката, мал број го наоѓаат патот до јајцеводот, а од нив мал број го наоѓаат патот до јајце клетката. Во тој случај мал број од сперматозоидите стигаат до јајце клетката.

Другиот дел од проблемот е во тоа што јајце клетката која е подготвена на оплодување не го чека првиот сперматозоид кој ќе успее да стигне да стигне до неа за да ја оплоди. Јајце клетката е покриена со тенок слој кој служи како блокада што го спречува влегувањето на сперматозоидите. За еден сперматозоид да навлезе во јајце клетката потребен е напад на повеќе сперматозоиди.

Доколку нема многу натпреварувачи никој нема да остане на финиш. Ова претставува суров начин на природна селекција која овозможува најздравиот сперматозоид да ги пренесе гените на наредната генерација.

Како би требало да биде?

Времето, кое му е потребно на сперматозоидот од коитусот да влезе во јајцеводот, е 5 минути. Спермата останува плодна од 48 часа до една недела.

Женската јајце клетка во текот на овулацијата се спушта по каналот до местото каде што ќе биде оплодена. Во наредните 12 до 24 часа јајце клетката ќе биде оплодена ако до неа успее да дојде еден од 250 милиони сперматозоиди (просечен број) кој е вметнат во текот на коитусот и ако тој успее да се пробие низ мембраната на јајце клетката. Интересно е дека само околу 400 сперматозоиди го преживуваат 10 часовниот пат до јајце клетката, а само еден ја пробива надворешната мембрана

Очекуван датум на породување

Бидејќи е тешко прецизно да се одреди моментот кога материјалите на јајце клтетката и сперматозоидот се спојуваат, секогаш сметањето се заокружува на 40 неделна бременост, започнувајќи од првиот ден на последниот цилус, а тоа често значи 2 недели на овулација плус 38 недели на вистинска бременост.

Новости

02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе
02.05.2014
Како да се заштитите од поленовиот прав?

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со....

Дознај повеќе