Информотерапијата ја обновува нарушената комуникација меѓу клетките и го поттикнува имуниот систем да започне борба против инфекциите.
Информотерапијата е терапевтски пристап при кој доаѓа до пренос на прецизна информација – односно јасна инструкција до имунолошкиот систем. Преку овој процес се иницира „будење“ и активирање на имунитетот, што резултира со природно прочистување на организмот од инфективни, токсични и други штетни причинители.
Овие информации се пренесуваат преку специјални носители – информoносители, кои ги препознаваат оштетените клетки и воспоставуваат нормална меѓуклеточна комуникација. На тој начин се обновува функцијата на клетките, а организмот се враќа во состојба на рамнотежа и саморегулација.
Механизмите на информотерапијата се ефикасни во третманот на многу болести бидејќи станува збор за повторно воспоставување на способноста на различните органи нормално да разменуваат информации на клеточно ниво, кои можат да бидат променети, нарушени, па дури и делумно изгубени. Максималниот терапевтски ефект со микрогенератори е можен само со комплексна корекција на механизмите што ја одржуваат хомеостазата, имено: нервниот и хуморалниот систем (кои се поврзани со размена на електрична и хемиска енергија), како и „третиот регулаторен систем“ – информативен.
Ова се постигнува со уреди (т.н. „микрогенератори“) во кои има микропроцесори со складирани биоинформации за матични клетки.
Терапевтските информации се пренесуваат преку специјализирани информациски носители – информоносители, кои на клетките од имуниот систем им даваат информација и инструкција за тоа како правилно да се справат со патогени микроорганизми, со висока специфичност и сензитивност.
Овој процес овозможува повторно воспоставување на нормална меѓуклеточна комуникација, санирањето на причинителот и обновување на клеточната функција, по што би дошло до чистењето и на последицата.
Информотерапијата, притоа, ги активира внатрешните резерви на телото и неговите енергетски потенцијали, кои постојат во форма на високоенергетски супстанции синтетизирани во самите клетки. Со тоа, се поттикнува природниот процес на регенерација, зајакнување на одбранбениот механизам и враќање на хомеостазата.
Информационата медицина се заснова на принципот дека секој симптом е последица, а не причина на болеста. Наместо третирање само на надворешните манифестации на болеста, информотерапијата се насочува пред се кон корекција на информациските нарушувања што го предизвикуваат дисбалансот во организмот.
Со работа на информациско ниво, се овозможува вистинско и трајно исцелување. Преку прецизна дијагностика и применa на индивидуализирани информотерапии, телото добива насока да се врати во својата природна рамнотежа, а она што е најбитното да го препознае проблемот во основата и да го санира причинителот а со самото тоа низ процес би дошло и до санирањето на последицата ( симптоматологијата)
Во овој пристап, лекувањето започнува не со потиснување на последицата, туку со елиминирање на вистинскиот причинител.
Не постои универзална терапија – секој пациент е единствен, а пристапот се прилагодува на неговите индивидуални потреби. Врз основа на параметрите добиени за време на самата дијагностика, се одредува прецизна, персонализирана терапија насочена кон корекција на конкретните нарушувања присутни во организмот.
Svi tekstovi, fotografije, grafike, vizuelni sadržaji i ostali materijali objavljeni na ovom veb sajtu zaštićeni su autorskim pravima. Svako neovlašćeno kopiranje, preuzimanje, distribucija ili korišćenje sadržaja, u celosti ili delimično, bez izričite pisane dozvole vlasnika sajta, strogo je zabranjeno i podložno je zakonskim sankcijama.
Hvala što poštujete naš rad i autorska prava.