ШТО Е ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА?

Естетска медицина – нехируршки третмани за природен и подмладен изглед

Во нашата клиника, ја негуваме филозофијата на природна убавина и индивидуалниот пристап. Со помош на современи нехируршки естетски третмани, овозможуваме подмладување, регенерација и освежување на кожата – без хируршки процедури и без долго закрепнување, со резултати кои се суптилни, ефикасни и долготрајни.

Нашата цел е да ја истакнеме Вашата автентичност, да го подобриме квалитетот на Вашата кожа и да ја подигнеме Вашата самодоверба, со целосна посветеност на безбедноста, професионализмот и естетската хармонија.

Најбараните естетски третмани што ги нудиме

Нашите услуги

Anti-age протоколи со информотерапија

Синергија на естетска медицина и информотерапија

Нашиот тим развива индивидуални протоколи против стареење кои ги комбинираат најефикасните методи – како што се ботокс, скинбустери, мезотерапија и полинуклеотиди – во согласност со Вашата возраст, тип на кожа и посакувани резултати.

Уникатноста на нашата клиника е вклучувањето на информотерапијата во плановите за превентирање на стареење и разубавување.

  • Информотерапијата е современ терапевтски пристап кој во синергија со естетските процедури:
  • Стимулира регенерација на кожата на клеточно ниво
  • Го забрзува закрепнувањето и стабилизирањето на резултатите
  • Подобрува микроциркулацијата и детоксикацијата
  • Придонесува за општа психофизичка благосостојба
  • Го зголемува ефектот на естетските процедури
  • Холистички пристап кон убавината
  • Подготовка на телото пред естетски процедури

 

Овој холистички пристап овозможува долготрајни и хармонични ефекти, со акцент на природен и здрав изглед.

Природен изглед без хирургија

Ботокс (ботулински токсин)

Ботоксот е еден од најчесто користените третмани во естетската медицина. Се користи за намалување на мимичните брчки предизвикани од движењата на лицето, особено во пределот на челото, меѓу веѓите и околу очите. Дава свеж, одморен и подмладен изглед без губење на природниот израз.

Најчести индикации:
• Хоризонтални брчки на челото
• Глабеларни брчки („линии на намрштеност“)
• Брчки околу очите 
• Корекција на спуштени очни капаци
• Превенција од подлабоки брчки
• Третман на прекумерно потење (хиперхидроза)

Ефектите траат во просек од 4 до 6 месеци.

Хијалуронски филери

Хијалуронските филери се користат за враќање на изгубениот волумен, пополнување на брчките, хидрирање на кожата и обликување на одредени региони на лицето. Хијалуронската киселина е природна состојка на кожата, а со нејзината примена се постигнуваат младешки контури и свеж изглед.

Најчести области на примена:
• Усни (зголемување и обликување)
• Назолабијални набори
• Јагодици и контури на лицето
• Темни кругови под очите (третман на вдлабнатини и темни кругови под очите)
• Брадата и вилицата
• Пополнување на брчките над усните и линиите околу устата

Резултатот е веднаш видлив, а ефектот трае од 9 до 18 месеци, во зависност од регионот и видот на препаратот.

SKINBOOSTERS

Скинбустери овозможуваат длабинска хидратација на кожата, без промена на волуменот. Погодни се за уморна, дехидрирана и сивкаста кожа, а се користат на лицето, вратот и рацете.

Резултатите вклучуваат:
• Подобрен сјај и текстура на кожата
• Поголема еластичност
• Намалени фини брчки

profhilo третман

Profhilo е напредна хијалуронска терапија која не додава волумен, но поттикнува биоромоделирање на кожата, го подобрува тонусот и ги хидрира длабоките слоеви. Идеален е за:
• Опуштена кожа и губење на еластичноста на истата
• Лице, врат, деколте и раце
• Луѓе кои сакаат природни, ненаметливи ефекти

Третманот е брз, ефикасен и безболен.

Длабинска хидратација и регенерација

Мезотерапија

Мезотерапијата вклучува аплицирање на коктел од активни супстанции директно во средниот слој на кожата.

Специјално формулирани препарати се користат за:
• Хидратација и освежување на кожата
• Превенција на стареење
• Подобрување на тенот и сјајот
• Третман на лузни и хиперпигментации
• Региони: лице, врат, деколте, раце, скалп

JALUPRO третмани

Jalupro содржи комбинација од хијалуронска киселина и аминокиселини кои ја стимулираат синтезата на колаген и ја регенерираат кожата одвнатре.

Третманот е идеален за:
• Третман на темни кругови околу очната регија
• Намалување на брчките и линиите
• Затегнување и ревитализација
• Закрепнување на кожата пред и по изложување на сонце или други оштетувања

Полинуклеотиди (PN)

Полинуклеотидите дејствуваат на клеточно ниво, стимулирајќи ја обновата на ткивото, синтезата на колаген и регенерацијата на кожата. Тие се користат за:
• Тенки и атрофирани региони
• Лузни од акни
• Темни кругови под очите и нерамномерен тен
• Кожа без тонус и сјај

Погодни се за сите возрасти и типови кожа, а особено се препорачуваат во комбинација со PRP и други методи.

HYDRAFACIAL

Hydrafacial е повеќефазен неинвазивен третман кој вклучува чистење, ексфолијација, екстракција на нечистотии, хидратација и антиоксидантна заштита на кожата. Идеален е за:
• Масна, проблематична и затната кожа
• Дехидрирана и уморна кожа
• Подготовка на кожата за други третмани
• Одржување на свеж и здрав изглед

Резултатите се видливи веднаш по третманот – без црвенило и без период закрепнување.

Биоревитализатори

Овие третмани комбинираат хијалуронска киселина, витамини и аминокиселини за да се постигне длабинска хидратација, обнова и заштита на кожата. Наменети се за сите кои сакаат освежена, еластична и здрава кожа без агресивни процедури. Идеални се за лице, врат, деколте и раце.

Третман со PRX-T33

PRX-T33 е иновативен медицински третман кој ја комбинира ефикасноста на хемискиот пилинг и длабоката биоревитализација – без потреба од игли, болка или закрепнување. Формулиран е врз основа на 33% трихлороцетна киселина (TCA), водород пероксид и којична киселина, што овозможува стимулација на дермисот без оштетување на епидермисот. Овој третман интензивно го стимулира производството на колаген, го подобрува тенот на кожата, ги намалува фините линии, хиперпигментацијата, лузните од акни и стриите, и го враќа сјајот и еластичноста на кожата. Погоден е за сите типови кожа и може да се користи преку целата година, вклучително и во летните месеци.

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ЗА ЕСТЕТСКАТА МЕДИЦИНА

Најчесто поставувани прашања

Дали естетските третмани се безбедни?

Да, сите третмани што се применуваат во нашата клиника се медицински проверени, сертифицирани и одобрени од надлежните здравствени установи. Се користат модерни техники и препарати од највисок квалитет, а третманите ги спроведуваат обучени и лиценцирани лекари.

Не. Нашиот пристап е суптилен и индивидуализиран. Целта е освежен, подмладен изглед што ја зачувува вашата автентичност. Ја нагласуваме природната убавина, а не трансформацијата.

Третманите може да се започнат превентивно веќе во доцните дваесетти или раните триесетти години со цел да се забави процесот на стареење. Постои соодветен протокол за секоја возраст, во зависност од состојбата на кожата и посакуваните резултати.

Ботоксот трае просечно од 4 до 6 месеци, додека хијалуронските филери можат да траат од 9 до 18 месеци, во зависност од регионот, метаболизмот и видот на препаратот.

Повеќето третмани се минимално непријатни. Користиме локални анестетици (креми или инјекции), а процедурите се брзи и добро толерирани. По третманот, пациентите брзо се враќаат на своите секојдневни активности.

Да, често комбинираме третмани – како што се ботокс, филери, мезотерапија и информoтерапија – во рамките на персонализирани anti-age протоколи за оптимални резултати.

Фреквенцијата зависи од видот на третманот. На пример, ботоксот најчесто се повторува на секои 4-6 месеци, а скин бустерите и мезотерапијата се повторуваат 4-8 недели во серија, а потоа по потреба за одржување.

Повеќето третмани не бараат закрепнување. Може да се појави мало црвенило или оток, кое исчезнува во рок од неколку часа до неколку дена. Пациентите генерално можат веднаш да се вратат на вообичаените активности.

Нехируршките третмани имаат силен ефект врз фините и умерените брчки, губењето на волуменот и тонусот. Во потешки случаи, препорачуваме комбинација од неколку методи или консултација за други терапевтски опции.

Освен на лицето, третманите успешно се применуваат и на:
• врат и деколте,
• дланки,
• скалпот (против опаѓање на косата),
• на телото (за затегнување, изедначување на тенот или отстранување на целулит).

Апсолутно. Сè поголем број мажи користат естетски третмани за освежување на својот изглед, подобрување на текстурата на кожата и отстранување на знаците на замор или стрес – без да го нарушат маженствениот изглед.

Препорачуваме консултација со лекар пред да започнете со терапија, естетските третмани во нашата клиника се безбедни и погодни за бремени жени и доилки, со внимателно почитување на сите медицински протоколи.

По третманот се препорачува:
• да не ја допирате или масирате третираната област,
• да избегнувате вежбање, сауна, сончање и солариум најмалку 24-48 часа,
• да не користете шминка 12-24 часа (во зависност од третманот),
• да не конзумирате алкохол, кофеин и јака храна во ист ден,
• да спиете на грб ако се третира лицето или усните.

Овие мерки го намалуваат ризикот од иритација и придонесуваат за подобар резултат.

• Пијте доволно вода за да го хидрирате вашето тело и кожа.
• Користете препорачани производи за нега (серуми, креми, SPF заштита).
• Следете ги сите совети дадени од вашиот лекар или терапевт.
• Одморете се и избегнувајте стресни активности истиот ден.
• Дојдете на закажаната контрола.

Овие препораки помагаат за оптимално закрепнување и потраен ефект од третманот.

• Не конзумирајте алкохол, кофеин или јаки зачини 24-48 часа пред третманот.
• Дојдете одморени, со чиста кожа, без шминка или креми.
• Пијте доволно течности неколку дена пред третманот.
• Избегнувајте разредувачи на крвта (аспирин, ибупрофен) неколку дена пред тоа, освен ако вашиот лекар не ви каже поинаку.
• Консултирајте се со специјалист доколку земате некаква терапија.

Најчесто, тие се благи и минливи: црвенило, оток, модринки или мало чувство на стегање во третираната област. Тие обично исчезнуваат во рок од неколку дена. Доколку забележите какви било необични симптоми, консултирајте се со вашиот лекар.

Можно е, но зависи од видот на третманот и вашата здравствена состојба. Секогаш препорачуваме консултација со лекар за да се создаде најбезбеден и најефикасен индивидуален план.

Фреквенцијата зависи од третманот и индивидуалните потреби. На пример, ботоксот обично се повторува на секои 4-6 месеци, додека филери може да се прават на секои 9-18 месеци. Важно е да се следат препораките на експертите за да се постигнат најдобри резултати и да се зачува здравјето на кожата.

Да, одредени третмани како што се мезотерапија, полинуклеотиди, биоревитализација и Hydrаfacial значително придонесуваат за подобрување на структурата на кожата, намалување на лузните и изедначување на тенот.

Апсолутно. Заштитата од УВ зраци е клучна за одржување на ефектите од третманот и здравјето на кожата. Препорачуваме секојдневно да користите крем со висок SPF фактор, особено по естетски процедури.

Контраиндикациите можат да бидат различни и зависат од третманот, но генерално вклучуваат активни инфекции на кожата, присуство на алергија и одредени хронични заболувања. Секој случај се разгледува детално за време на консултацијата.

Секоја личност е единствена, затоа препорачуваме детална консултација со нашите експерти. Ќе го анализираме вашиот тип на кожа, очекувања и здравствена состојба, и заедно ќе дизајнираме персонализиран план за нега и третман.

Во нашата клиника користиме само реномирани и сертифицирани брендови на филери, ботокс и други препарати кои поминале строги контроли за квалитет и безбедност. Сите препарати се одобрени од надлежните медицински установи и Министерството за здравство, со цел да се гарантира ефикасноста и безбедноста на третманот. Нашиот тим од експерти редовно ги следи најновите светски трендови и користи само најдобри производи прилагодени на индивидуалните потреби на пациентите.

закажете ја вашата консултација